Поврзете се со нас

Германија

Ремек-дело: Кимих со лоб магија му донесе водство Баерн во „Дер Класикер“ (Видео)

Објавено

на

„Дер Класикер“ дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен се игра во овие моменти и со истото се отвори новото коло во Бундеслигата, а во првите 45 минути видовме неколку возбудувања.

Двата тима беа максимално активни и ја тестираа противничката одбрана во повеќе наврати, па така на Гереиро му беше поништен гол поради офсајд ситуација во 10-та минута, додека Баерн не поведе 10-тина минути подоцна.

Серж Гнабри се најде во зицер ситуација во непосредна близина, па иако ја мина првата пречка наречена голманот Бирки, сепак на гол линијата фантастично реагираше Пишчек.

Искусниот дефанзивец делуваше ладнокрвно како да се работи за најлесна ситуација, па ја расчисти опасноста со едноставен потег со ногата.

Ова беше најзрелата шанса за Баерн во првите 20 минути, но пред крајот на првиот дел пристигна моментот за фасцинација, а истиот беше дело на Џошуа Кимих кој постигна прекрасен лоб погодок за водство на Баерн од 0:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни