Поврзете се со нас

Олимписки игри

Рељиќ тесно поразена во четвртфиналната битка на ОИ

Објавено

на

Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ претрпе тесен пораз од Летиција Аун во четвртфиналето на Летните Олимписки Игри.

Во категоријата до 57 килограми Мила прво дојде до голем триумф над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, поточно обезбеди второ коло во кое за противник ја имаше Аун, борба која Либанката тесно ја доби со 2-0.

Рељик првата рунда ја загуби со 9-8, додека во втората беше 6-6, меѓутоа поради тоа што Летиција имаше имаше удар во глава кој тежи повеќе ја доби истата и со 2-0 се пласираше во следната фаза.

Постоеше можност преку репасаж Македонката да се врати во натпреварувањето и да биде активна за бронзата, ама за тоа условот не се исполни затоа што Аун во полуфиналето загуби од Нахид Кијанихенде од Иран.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни