Свет
ЕКО Рели Акрополис 2024: Танак во водство, Хјундаи профитираше од невообичаениот проблем на екипажите на Тојота
Себастијан Ожие го отвори новото издание на Рели Акрополис со доминантно издание и имаше водство по првите три етапи, но сериозен технички проблем ги стави сите екипажи на Тојота во втор план, во првиот натпреварувачки ден во Грција.
От Танак од Хјундаи го презема водството до крајот на петочните возбудувања, откако Естонецот избегна проблеми со автомобилот на секогаш екстремните услови на Рели Акрополис.
За Хјундаи е посебно важно што по првиот ден ги зазема првите три позици, при што Дани Сордо и Тјери Нувил следуваат зад Танак.
Ожие и неговите колеги од таборот на Тојота во вториот дел од денот имале проблеми со турбо полначот на моторот, па останаа без посакуваните перформанси и конкурентноста на етапите.
Дополнително, Јапонецот Такамото Кацута мораше да се откаже на средина на денот поради проблеми со задниот дел од подвозјето.
Хјундаи имаше 20 поени предност во поредокот на конструкторите пред ова рели и петочната најава е дека таа ќе биде зголемена, но шесте нови брзински предизвици во сабота гарантираат нови возбудувања на Рели Акрополис.
Специјално за „Дерби“ од ЕКО Рели Акрополис 2024
– Блашко Вељановски
-
Свет7 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет15 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации17 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Италија16 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации12 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
НБА14 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)