Поврзете се со нас

Свет

ЕКО Рели Акрополис 2024: Брутални услови, шоу на асфалт и приближување до целта за Нувил

Објавено

на

Секоја станица во календарот на Светскиот рели шампионат (WRC) има специфичен карактер и носи уникатен предизвик за екипажите.

Рели Акрополис и во своето најново издание ја задржа препознатливата бруталност, потврдена со надворешните оштетувања, но пред се проблемите со суспензијата и пневматиците кои беа секојдневие за учесниците на престижниот натпревар на грчка територија.

Претендентите за највисок пласман однапред беа свесни дека влијание на поредокот ќе има и факторот среќа, па ако некаде можеа да повикаат наклонетост на некоја виша сила, тогаш тоа е „Релито на боговите“, чиј сервисен центар годинава беше поставен во Ламија, на 200 километри оддалечност од престолнината Атина.

„Дерби“ имаше можност да присуствува на на десеттата рунда од актуелниот WRC шампионат, благодарение на генералниот спонзор „ЕКО“, подружница на HELLENiQ ENERGY Group, на која ѝ припаѓа ОКТА АД – Скопје. Блиската средба со автомобилите само го потврди впечатокот дека екипажите имаат уште една екстремна мисија во битката за што повеќе поени.

Лидерот во генералниот пласман Тјери Нувил и неговиот најголем ривал, Себастијан Ожие имаа различни, но подеднакво проблематични проблеми со перформансите поради проблеми со погонската единица, но традиционално грубата подлога на етапите ги „проголтуваше“ пневматиците и предизвикуваше најмногу принудни сервисни реакции и губење време и позиции во поредокот.

Во пресрет на последниот натпреварувачки ден, екипажите стигнаа до најблиската точка до Атина и конечно можеа да се „релаксираат“ на асфалт, предизвикувајќи шоу пред рели фановите. Најкратката делница повеќе беше задолжена за „уметнички впечеток“ и немаше големо влијание врз конечниот пласман, но WRC ѕвездите се одолжија пред домашната публика со максимално залагање и потврда на моќните перформанси.

Себастијан Ожие пристигна во Грција со три победи и три втори места на вкупно шест трки на кои настапи сезонава и покажа неверојатна борбеност и покрај проблемите со моторот на првиот натпреварувачки ден. Користејќи ги искуството и квалитетот потврден со осум титули освоени во минатото, Французинот во завршницата на релито се избори за втора позиција, но пукнат пневматик беше повод за лош влез во еден свијок и превртување на Тојотата, инцидент кој помина без последици по екипажот, но го остави Ожие без дополнителни поени од последниот натпреварувачки ден.

Тјери Нувил со најмалку инциденти, специјална внимателност и соодветна стратегија. на крајот успеа да стигне до најдобро време во генералниот пласман, што е само втора сезонава за Белгиецот, а со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман (34 поени пред Танак и 38 поени пред Ожие).

Хјундаи издоминира на подиумот, бидејќи Дани Сордо и От Танак се пласираа веднаш зад Нувил, со што триото на корејскиот бренд го повтори конечниот епилог на Рели Акрополис од 2022 година.

Посакуваната 1-2-3 победа донесе зголемување на предноста во генералниот пласман на Хјундаи во однос на Тојота (35 поени), а Ожие, Еванс и Кацута експресно ќе мора да се фокусираат на следниот предизвик, закажан за крајот на месецот во Чиле.

Рели елитата со помалку или повеќе успех го „истрча“ грчкиот маратон на четири тркала, закажувајќи нова средба со фановите од регионот веќе за крајот на следниот јуни, кога според календарот за 2025 година ќе се одржи следното издание на Рели Акрополис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни