Поврзете се со нас

Шпанија

„Релево“: Реал Мадрид имал подготвена замена за Анчелоти

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти се најде под голем притисок по неколку незгодни порази на Реал Мадрид, но успеа да ја задржи својата работа откако неговиот тим претходното коло убедливо славеше над Осасуна.

Барем привремено, италијанскиот стручњак останува на тренерската позиција, но раководството на Реал веќе размислува и за негов евентуален наследник.

„Релево“ тврди дека поранешниот играч на „кралскиот клуб“, Сантијаго Солари, веќе бил информиран да биде подготвен да го преземе водењето на тимот во пресрет на дуелот со Осасуна, но барем засега останува со идентичен статус, бидејќи Реал ги освои бодовите од таа средба.

Истиот медиум пренесува дека ситуацијата во Реал е смирена за време на паузата за настап на репрезентациите и веројатно ќе биде така по позитивен резултат против Леганес, но следува дерби во Лигата на шампионите со Ливерпул, a потоа уште три средби во домашното првенство на кои Анчелоти ќе треба да го потврди ваквиот статус.

Солари беше член на Реал како фудбалер меѓу 2000 и 2005 година, а по крајот на кариерата работеше на различни позиции во младинската академија, но и како тренер на првиот тим по отказот за Хулен Лопетеги во 2018 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни