Поврзете се со нас

Шпанија

„Релево“: Флорентино го губи трпението со Анчелоти

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид не ги испорачува очекуваните игри од почетокот на сезоната, а „Релево“ тврди дека претседателот Флорентино Перез веќе имал сериозен разговор со тренерот Карло Анчелоти на оваа тема.

Поразот на „Ел Класико“ не е едиствениот проблем за „кралскиот клуб“ и според овој медиум, Перез и неговите најблиски соработници не се задоволни од начинот на кој игра екипата, во која има многу ѕвезди, а од сезонава меѓу нив е и Килијан Мбапе.

Првиот човек на Реал Мадрид веќе почнал да размислува за ново име на клупата, посебно што Анчелоти не менаџира на посакуван начин и со минутажата на млади таленти како Ендрик, Арда и Камавинга.

Соработниците на Перез дополнително го засилуваат притисокот кон Анчелоти, затоа што се убедени дека Реал во моментов има еден од најсилните состави во својата историја и начинот на кој игра и резултатите се далеку од очекуваните.

Медиумите веќе шпекулираат дека Чаби Алонсо е следниот проект на Реал, а Германците веќе најавија дека Баер Леверкузен е во потрага по нов тренер, затоа што раководството е свесно дека ова е последна сезона со шпанскиот стручњак на клупата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни