Поврзете се со нас

Шпанија

„Релево“: Димитриевски има договор со ривал на Рајо, трансферот зависи од еден фактор

Објавено

на

foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски одамна е интересен за повеќе шпански клубови, а се чини дека претстојново лето дефинитивно ќе направи трансфер, бидејќи му истекува договорот со Рајо Валјекано.

Македонскиот репрезентативец е еден од најзаслужните за солидните резултати на својот тим изминатите сезони, а „Релево“ тврди дека одлучил и во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.

Се споменуваа Севилја и Вилјареал, но Столе ја избрал Валенсија и веќе има усмен договор со раководството на тимот од „Месталја“ за летен трансфер.

Сепак, овој медиум тврди дека ангажманот на Димитриевски зависи од еден фактор, а тоа е заминувањето на актуелниот прв голман, Гиорги Мамадаршвили.

Мамардаршвили беше пред заминување од Валенсија минатото лето, но сепак остана во тимот, па и за него шансите за трансфер во 2024 година се многу реални. Валенсија не сака да се откаже од Грузиецот по секоја оцена, но претседателот Петер Лим нема да откаже атрактивна понуда за еден од најплатените играчи во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни