Рекордното засилување на Њукасл го шокираше Тотенхем среде Лондон (Видео)

joelinton-1

Њукасл според букмејкерите важи за прв фаворит за испаѓање од елитата во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, но денеска тимот кој го предводи Стив Брус покажа први знаци на живот, и тоа на тешкото гостување во Лондон кај еден од фаворитите за титулата.

Тотенхем доживеа шокантен пораз на домашен терен од 0:1, без оглед на тоа што имаше огромен посед на топката и повеќе шанси, особено во второто полувреме. Тимот на Покетино во првото коло успеа да направи пресврт против Астон Вила, но овојпат тоа не им појде од рака, пред се благодарение на добро организираната игра во одбрана на гостинот.

Инаку, клучниот момент се случи во 27-та минута, кога Бразилецот Желинтон го постигна својот прв гол во Премиер лигата по рекордниот трансфер кој го направи ова лето за 40 милиони фунти.

Facebook Коментари