Поврзете се со нас

Европски првенства

Рекордерот по бројот на настапи за Белгија реши дека е доста -објави репрезентативна пензија

Објавено

на

Белгискиот фудбалер Јан Вертонген на својот Инстаграм профил објави дека става крај на репрезентативната кариера.

„Од првиот до последниот благодарам за сите спомени, го живеев сонот“, напиша 37-годишниот дефанзивец на Инстаграм.

Вертонген, актуелен играч на Андерлехт, и поранешен играч на Тотенхем и Ајакс, го држи рекордот по бројот на одиграни натпревари (157) во националниот тим.

„Од терен до терен ни покажа како е да се биде вистински „Црвен Ѓавол“. Јан, ќе ни недостигаш“, објави белгискиот фудбалски сојуз.

Вертонген во понеделникот го одигра последниот натпревар во репрезентацијата во осминафиналето на ЕП против Франција и на тој меч си постигна автогол со кој ја елиминира Белгија од понатамошното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни