Поврзете се со нас

Германија

Рекорд на кој може да подзавиди и Баерн: Фрајбург даде шест гола во едно полувреме! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/scfreiburg

Баерн Минхен е фудбалска машинерија во Германија и постави разни рекорди во Бундеслигата во изминатите неколку години, но дури и баварскиот великан од денеска може да подзавиди на еден рекорд кој го постави Фрајбург.

Натпреварот кој денеска се одигра во Менхегладбах требаше да биде неделно дерби во Германија, но наместо тоа се претвори во едностран меч кој ни донесе неверојатен резултат.

Фрајбург како изненадување на сезоната во Германија даде шест гола во едно полувреме, но фактот што постигна пет во првите 25 минути, направи да постави историја во Бундеслигата.

Тимот на Криситјан Штрајх стана првиот во историјата кој постигна пет гола во 25 минути како гостин, па јасно е дека денешната голеада на „Борусија Парк“ ќе остане вечно во сеќавање на фановите кои го следеа мечот.

Егештајн, Шаде и Линхард постигнаа три гола до 12-та минута, Хофлер и Нолер стрелаа во 19-та и 25-та минута, а во 37-та погоди и Шлотербек. Во вториот дел не беше постигнат ниту еден гол, па така Менхеглдабах претрпе еден од најтешките порази во историјата, само неколку седмици по неверојатната победа над Баерн Минхен од 5:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни