Рекоба откри кои клубови од Шпанија го барале: Имав понуди, но претседателот на Интер не сакаше да ме пушти

rekoba

Алваро Рекоба во својата европска епизода најдобар беше во дресот на Интер каде што мина и најмногу време од 1997 до 2008 година.

Тој со Интер освои се што можеше кога е во прашање Италија, а навивачите дефинитивно ги паметат неговите голови и потези со кои често воодушевуваше. Токму во тие најдобри времиња Уругваецот можел да си замине од Интер и да се преселиво Шпанија, но првиот човек на клубот не му дозволил да замине на Пиринеите.

-Имав понуди од Ла Лига, посебно од Барселона. Мислам дека беше во 2002 или 2003 година. Претседателот на Интер беше во добри односи со претседателот на Барселона, ама во тоа време првиот човек на клубот автоматски не сакаше никаде да ме пушти. Исто имав понуди од Валенсија и навистина мислам дека убаво ќе играв во Шпанија, -истакна Рекоба.

Facebook Коментари