Поврзете се со нас

Формула 1

Рејсинг Поинт го објави името на пилотот кој ќе го замени Перез на трката во Британија

Објавено

на

blank

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез е позитивен на коронавирусот.

Поради позитивниот тест, Перез нема да може да настапи на претстојната трка за Големата Награда на Британија возена на патеката Силверстоун и веднаш ќе замине во самоизолација.

Денеска од Рејсинг Поинт објавија дека на патеката како замена за Перез ќе се појави искусниот Нико Хулкенберг.

Германскиот возач веќе е дел од петочните тестирања на Силверстоун и се подготвуваза враќањето на патеката.

Хулкенберг до минатата сезона беше пилот на Рено, а оваа сезона за прв пат ќе се појави на патеката во тимот на Рејсинг Поинт.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни