Шпанија
Реина предизвика контроверзи со поддршката за протест организиран поради коронавирусот
Поранешниот шпански репрезентативец Пепе Реина повторно предизвика контроверзи со своите политички ставови, уште еднаш поддржувајќи ги активностите на ултра-десничарската партија Вокс.
Овој пат Реина изразил јавна поддршка за протестот кој дел од неговите сонародници и истомисленици го организирале за да го искажат незадоволството од начинот на кој шпанската влада и премиерот Педро Санчез се носат со кризата со коронавирусот.
Иако самиот голман беше позитивен на коронавирусот уште во март, сега смета дека шпанската влада се загубила во носењето мерки за спречување на ширењето на заразата.
– Ах, малку луѓе излегле денес на улица,нели? – порачал Реина во својот твит.
Ah! Pues parece que ha salido gentecilla a la calle, no??🤝👏🏻🇪🇸#democracia #unidossomosmásfuertes pic.twitter.com/nG2uIU228t
— Pepe Reina (@PReina25) May 23, 2020
Реина и претходно ја брануваше шпанската јавност откако јавно го критикуваше референдумот за независност на Каталонија, а истовремено изразуваше поддршка за десничарската партија на Сантијаго Абаскал.
Искусниот шпански голман сезонава настапува како позајмен играч во редовите на Астон Вила.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)