Поврзете се со нас

Италија

Реина по 17 години се враќа во Шпанија

Објавено

на

Искусниот шпански голман, Пепе Реина по 17 години се враќа во својата татковина и тоа во клубот во кој заблеска пред да направи интернационална кариера.

Имено Пепе кој на крајот на наредниот месец ќе наполни 40 години се договорил со составот на Вилјареал. Оваа информација ја пренесе секогаш добро информираниот Фабрицио Романо чии извори велат дека се работи за едногодишен договор.

Реина е слободен играч откако ја заврши приказната со Лацио, па така по скоро две децении и авантурите во Ливерпул, Наполи, Баерн Минхен, Милан и Астон Вила се враќа во тимот кој со одличен успех го бранеше од 2002 до 2005 година.

Негова замена во Лацио треба да биде Луис Максимијано од Гранада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни