Поврзете се со нас

Англија

Реина мораше да пресече, на крајот ја избрал Англија за следна дестинација

Објавено

на

Џовани Реина заминува од редовите на Борусија Дортмунд и во вториот дел од сезоната ќе настапува во Премиер лигата.

Откако стана јасно дека американскиот репрезентативец е незадоволен од својот статус и дефинитивно ќе оди на заем во друга екипа, денеска медиумите потврдија дека најубедлив во преговорите бил Нотингем Форест.

Поранешниот европски шампион се бори за опстанок во Премиер лигата и ќе го добие Реина како интересно офанзивно засилување, потег на кој Борусија не се противи и одамна му даде зелено светло.

Нотингем ќе може да го откупи договорот на Реина за сума меѓу 15 и 20 милиони евра по крајот на сезоната, уште една опција која е прифатлива за бундеслигашот, бидејќи договорот на Американецот со Борусија истекува во јуни, 2025 година.

До последен момент, за потписот на Реина се бореше Олимпик Марсеј, кој успеа да ја одложи, но не и да ја промени првичната одлука на крилниот напаѓач да се испроба на островот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни