Поврзете се со нас

НБА

Реџи Милер со порака до Леброн: Престани да плачеш…

Објавено

на

Останува уште многу малку до крајот на регуларниот дел во НБА лигата, дел од екипите веќе го заверија пласманот во плејофот, но дел допрва ќе треба да го направат во завршницата.

Постои и опција неколку од клубовите да играат плеј-ин за пласман во разигрувањето за титулата, формат од кој може да биде и актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс кој во моментов е на 6 место на Западот.

Тоа воопшто не му се допаѓа на Леброн Џејмс кој порача дека треба да биде отпуштен оној на кого му текнала оваа идеја. На ова одлучи да се надоврези легендата на Индијана Пејсерс, еден од најдобрите шутери на сите времиња Реџи Милер порачувајќи му на Џејмс да престане да плаче.

Леброн без влакна на јазикот: Тоа е сра*е, веднаш треба да биде отпуштен

-Каде беа овие разговори пред еден месец? Пред два месеци? Кога Лејкерс, Бостон, Далас беа сигурно еден од најдобрите шест екипи. Сега кога се надвор, сакаат да се внатре…има малку плачење.

-Лејкерси паѓаат во плеј-н зоната сега кога ги нема Леброн и Дејвис. Кога двајцата се здрави, Лејкерси се фаворити за титулата. Не сакам да го слушам ова плачање, -порача Реџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни