НБА
Реџи Милер со критики до Дончиќ: Мора да се погледне во огледало

Далас Маверикс по пауза од неколку години нема да го гледаме во плејофот во НБА лигата што секако е големо разочаување за составот од Тексас предводен од Лука Дончиќ, но и од Кајри Ирвинг кој беше дел од тимот во изминативе месеци.
Многу се очекуваше од Далас, се најавуваше и напад на титулата, ама на крајот екипата не дојде ниту до плејин фазата што дефинитивно говори дека се потребни промени, нова енергија. Според легендарниот Реџи Милер тие промени треба да почнат од главната ѕвезда Дончиќ, односно легендата на Индијана Пејсерс смета дека Словенецот мора да го доведе телото во подобра форма, кондиција за да екипата игра онака како што сака тренерот Џејсон Кид.
-Дончиќ мора да биде во подобра форма. Тие треба да трчаат повеќе, тоа и го направија кога Лука беше во „аут“, а Кајри беше на чело затоа што тие се многу подобри кога играат побрзо. Така Кид сака да тренира. Тој сака тие да играат побрзо, но кога Лука е таму, тие не можат да играат брзо. За мене, ако тој е во подобра форма и тие можат да играат брзо, тоа ќе прави поголем притисок врз противничкиот тим, -смета Милер кој важи за еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата.
Лука ја заврши кампањаат 2022/2023 со просек од 32.4 поени, 8,6 скока и 8 асистенции/
-
Англијапред 20 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)