Поврзете се со нас

Лига на нации

Реднап за голот на Мбапе: Катастрофална интерпретација на едно правило

Објавено

на

Голот на Килијан Мбапе со кој Франција ја победи Шпанија и победи во Лигата на нации останува топ тема во фудбалската јавност и уште долго ќе носи нови реакции за одлуката на Ентони Тејлор и неговите помошници.

Поранешниот англиски фудбалер Џејми Реднап ја коментирал ситуацијата за „Скај Спортс“ и потенцирал дека англиските судии направиле грешка.

– Навистина е тешко да се прифати оваа одлука, посебно за Шпанците кои се обидуваа да одржуваат добра линија, додека Мбапе веќе беше во офсајд.

– Правилото вели дека нема офсајд ако почнува нова фаза во играта, но што требаше да направи Гарсија? Дали требаше да ја пропушти топката без да знае кој е зад него?

– За мене оваа ситуација не е нова фаза во играта, туку лоша интерпретација на правилото. Досега немало вакви ситуации на важни натпревари, па не се зборуваше на оваа тема, но отсега сигурно ќе предизвикува поголемо внимание и ќе може да се дебатира. Ако судијата покажеше дека е офсајд, никој немаше да протестира, – изјавил Реднап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни