Поврзете се со нас

Англија

Реднап: Санчо не му е потребен на Ливерпул, ама…

Објавено

на

blank

Џејдон Санчо е еден од играчите кој подолго време привлекува внимание, а причината за тоа се одличните настапи во дресот на Борусија Дортмунд каде дава голови, асистира, отвара простор за своите соиграчи, но и поради фактот што има само 20 години што значи дека може дополнително да напредува, развива.

Најголем интерес за него има од Манчестер Јунајтед и истиот треба да остане и во наредната 2021 година кога премиерлигашот одново би требало да се обиде да дојде до неговите услуги. Меѓутоа тогаш конкуренцијата може да биде поголема, да „загризат“ и останатите европски џинови, а меѓу нив се споменува Ливерпул.

Токму на оваа тема околу Санчо и Ливерпул проговори Џејми Реднап кој не гледа како крилниот напаѓач во овој момент би можел да се најде во таборот на „црвените“, поточно да го заземе местото на Мохамед Салах, ама би крилниот напаѓач да дојде на „Енфилд Роуд“ и на тој начин Јунајтед да доживее уште еден удар.

-Видете, Санчо е врвен талент и секако дека Ливерпул би го ангажирал. Ама во моментов, ако го играте на таа десна страна, тој не е подобар играч од Мо Салах. Исто така не е подобар играч од Садио Мане. Тој носи голови, носи нешто сосема поинакво од она што Ливерпул се обидува да го стори и ако сакате да продолжите да напредувате и бидете подобри, секако дека би го сакале во вашиот тим.

-Уште подобро ако го спречите да оди во Манчестер Јунајтед. Ама ако во моментов дојде на „Енфилд Роуд“, дали ќе влезе во тимот? Според мене не, -истакна Џејми за Педи Пауер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни