Поврзете се со нас

Англија

Реднап го пофали менаџерот на Ливерпул: Клоп направи страшна транзиција

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул сезонава повторно е сериозен кандидат за освојување на Премиер лигата, а Џејми Реднап смета дека менаџерот Јирген Клоп заслужува комплименти за брзата трансформација на формата и резултатите на својата екипа.

По минатата неубедлива сезона, Ливерпул повторно важи за главен ривал на Манчестер Сити во трката за трофејот во домашното првенство, а Реднап смета дека заслугите за тоа одат кај Германецот.

– Да бидам искрен, минатата сезона Клоп делуваше како да ја загубил „магијата“.

– Заминаа важни играчи, но Ливерпул сепак направи одлична транзиција. Енергијата која ја покажуваат на теренов сезонава е неверојатна, уживање е да се гледа овој тим.

– Она во што Клоп е број еден е успехот да ги натера мултимилионските засилувања да трчаат многу и секогаш да го даваат максимумот за екипата. Посебно важно е што добиваат натпревари на кои не изгледаат најдобро на теренот, бидејќи таквите резултати ја зголемуваат самодовербата, – истакнал Реднап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни