Реднап го пецна Мурињо: Ако Погба играше за Гвардиола…

pogba

Формата на Пол Погба постојано е актуелна тема во англиските медиуми, меѓутоа и кај експертите кои ги коментираат случувањата во Премиер лигата.

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Реднап, во своето последно јавно излагање излезе со интересен став, со кој истовремено го критикува Жозе Мурињо. Тој смета дека Погба би играл многу подобро ако е дел од Манчестер Сити.

– Кога Погба беше исклучен против Арсенал, сите велеа дека Јунајтед не може да игра без него, а потоа тврдат дека е бескорисен. Кога работите одат на добро, тој е најдобар светски фудбалер, а во спротивно, тој веднаш е критикуван поради парите кои беа платени за неговиот трансфер.

– Мислам дека Мурињо има голема одговорност за неговата ситуација, тоа е негова работа. Повлекувањето од игра против Тотенхем, дали така ќе извлечета најдобро од него? Против Њукасл се виде дека самодовербата му е на ниско ниво. Не велам дека треба да му се прави лице, но не гледам дека Гвардиола би реагирал на таков начин во некоја ситуација. Ако играше за Сити, тој ќе беше еден од нивните лидери на теренот, Мурињо не успева да го извади најдоброто од него.

– Мурињо како да бара војна со своите фудбалери. Со моќта на Погба во соблекувалната, Жозе мора да биде многу внимателен, не гледам бенефит од тоа да вознемируваш една од своите најголеми ѕвезди, – потенцира Реднап.

Facebook Коментари