Англија
Реднап го омаловажи миленикот меѓу фановите на Јунајтед: Тој не е во иста лига со Анри!
Џејми Реднап со своите 11 минати години на „Енфилд Роуд“ имаше можност да фати една постара и помлада генерација на фудбалери во Премиер лигата, а тоа му овозможува да прави паралела за фудбалерите кои ја одбележаа почетната ера на Премиер лигата по преименувањето во 1992-ра година, и оние во средишницата, односно на почетокот на новиот век.
Реднап немаше многу среќа со повредите и проблемите со честите отсуства не му помогнаа да ја развие кариерата подобро од тоа што го направи, а во последно време, надалеку познат е по своите експертски мислења кои ги дава како аналитичар во студијата на Островот.
Некогашниот капитен на Ливерпул одлучи да направи споредба меѓу Ерик Кантона и Тјери Анри, обраќање при кое значително ја омаловажи огромната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и миленик меѓу фановите на овој клуб.
– Кантона создаде чувство на ароганција околу себе, се беше мистериозно за него и се слушаа секакви гласини за него како личност. Знам дека со оваа изјава ќе служам и за потсмев, но имам играно против многу подобри играчи од него, – вели Реднап за „Скај Спортс“.
– Верувајте ми во тоа, иако знаеше да биде голем на натпреварите кои ги играше Јунајтед. Ако го споредиме со некој како Тјери Анри, тој едноставно не е во иста лига со легендата на Арсенал, – завршува Реднап.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 17 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот