Поврзете се со нас

Англија

Реднап бесен на играчот кој одби да игра за Англија: Саутгејт треба да му ја тресне вратата во нос

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација ќе биде еден од главните фаворити за освојување на претстојното Европско првенство, а селекторот Герет Саутгејт се обидува да дојде до идеалниот ростер со кој вицешампионската би ја претворил во шампионска титула.

Во пресрет на мартовските обврски, Саутгејт направи избор на репрезентативци кои ќе настапат за националниот тим, а на медиумите им посочил дека Бен Вајт од Арсенал го одбил неговиот повик.

Тоа предизвика многу негативни коментари, а во тој стил реагирал и Хари Реднап, искусниот менаџер кој смета дека вратата во националниот тим треба да биде затворена за дефанзивецот на „топчиите“.

– Мислам дека Саутгејт изјави дека вратата за него ќе биде отворена и натаму, нели?

– Вратата треба да му биде тресната во нос.

– Не сака да игра за својата земја, оди на светско првенство па се враќа дома затоа што не добивал минутажа. Не сакаш да играш за Англија? Кажи им го тоа на играчи како Шилтон, Руни, Бекам и слични на нив, како и на оние кои заслужиле а не добиле шанса да играат за својата репрезентација. Ова е одвратно, не можам да го прифатам

– Ако јас сум Герет, ќе му речев благодарам и веќе нема да те вознемируваме, – изјавил Реднап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни