Поврзете се со нас

Англија

Реднап: Арсенал има еден голем проблем, Артета ќе биде среќен со реми против Сити

Објавено

на

Дерби пресметката во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Арсенал ќе биде уште едно соочување кое може да има директно влијание во битката за титулата, иако и двајцата менаџери потенцираат дека е премногу рано за бодовите да бидат пресудни во долгата трка.

Легендарниот Хари Реднап смета дека сепак евентуалната победа на гостите може да има влијаение врз целата сезона, односно да им даде сериозна предност на „топчиите“. Според него, Микел Артета треба да извлече поуки од начинот на кој Интер му се спротивстави на Сити и освои бод на „Итихад“.

– Ако Арсенал победи денеска, за многумина ќе биде фаворит за титулата.

– Знам дека многу луѓе велат дека играта на бод на Арсенал на дербито со Сити минатата сезона го чинела титула тимот на Артета, но јас мислам дека поразот од Астон Вила нешто подоцна направи најголема штета за „топчиите“. Никој немаше да се сеќава на ремито со Сити ако беа искористени шансите од првото полувреме против Вила.

– Штета е што Арсенал го загуби Одегард, па и покрај тоа што и Де Брујне е неизвесен, Сити има помоќен среден ред, не сум сигурен дека гостите ќе можат да парираат без Норвежанецот. Да бидеме реални, Сити половина од минатата сезона го немаше Де Брујне во составот и повторно ја освои титулата.

– Интер заврши одлична работа против Сити во Лигата на шампионите, Артета веројатно ќе извлече поука и ќе ја повтори истата игра, надевајќи се дека ќе го казни противникот. Се надевам дека ќе биде поинтересен натпревар во споредба со ланскиот, очекувам резултат 1:1, од кој Артета сигурно би бил презадоволен, – вели Реднап.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни