Поврзете се со нас

НБА

Редик го потсети Дончиќ за долгот по неверојатниот договор кој го доби од Далас: Те молам искеширај ме! (Фото)

Објавено

на

Искусниот Џеј Џеј Редик стана слободен агент откако му истече договорот со Далас и сега повторно е во потрага на нов тим, но доскорашниот член на Маверикси не остана рамнодушен на последната вест која пристигна од Словенија.

Важна експедиција на Далас предводена од газдата Кјубан, Новицки и Кид се упати во Љубљана за да го договори Дончиќ на долгогодишна соработка, а откако доцна синоќа излезе веста дека Лука кажал „ДА“ на стратосферската понуда, со оригинална објава се јави Редик.

Словенечката ѕвезда ќе добие максимални 207 милиони долари за договор во времетраење од пет години, па во ситуација кога си обезбеди сигурна иднина за себе и своето семејство, Редик на комичен начин го потсети Лука за неговиот долг.

– Се уште ми должиш 1700 долари од играње карти. Те молам искеширај ме Лука, – му порача 37-годишниот Редик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни