Red Bull X-Alps повикува: Отворено е аплицирањето за најтешката авантуристичка трка на светот!

Photo credit: Red Bull content PoolPhoto credit: Red Bull content Pool

Секои две години се одржува авантуристичката трка за планинари и параглајдеристи во која учесниците треба да стигнат до Монако, притоа минувајќи дистанца од преку илјада километри од стартот во Австрија. Досега немало две исти трки, на секое ново издание се гледаат нови рути, нови изненадувања, но и она што е најважно нови учесници.

Дали вие имате сила и вештина да пешачите и летате со параглајдер преку Алпите? Фазата за аплицирање во трката позната како Red Bull X-Alps сега е официјално отворена се до 31 август 2018 година.

– Селекцијата на спортистите е процес е што отсекогаш бил многу строг, а потрагата за најдобри атлети кои ќе учествуваат во Red Bull X-Alps се покажала тешка во минатото. Ние мора да утврдиме дали апликантите имаат психичка и ментална сила потребна за учество. Тоа значи дека мора да земеме предвид многу фактори, како што се нивното искуство, претходни резултати во други натпреварувања, но и способности како пилоти и планинари, – објаснува директорот на трката Кристоф Вебер.

Red Bull X-Alps навистина може да биде игра за секого, па и изданието во 2017 година не беше исклучок. Тогаш дебитантот Беноа Утер ги шокираше сите со напорен финиш на третото место, веднаш зад петиците на петкратниот и воедно актуелен шампион Шригел Маурер. Тоа само докажува дека иновативните стратегии и непоколебливата сила бараат од спортистот да има целосна контрола на своите тело и ум.

Што е потребно за настап на Red Bull X-Alps?

Има една општо прифатена вистина меѓу учесниците дека не постојат вистински подготовки што можат да го доловат интензитетот и стресот кој се доживува во Red Bull X-Alps. Може да бидете одличен пилот, издржлив авантурист којшто тренирал најмногу на свет, но кога ќе дојде време за првиот настап тоа е секогаш своевидно „огневно крштевање“ како што многумина учесници досега го опишале.

– Мора да ја сфатите работата навистина сериозно. Треба да се спуштите на земја каде што никој друг не се спушта и да летате во услови каде што никој друг не лета. Ова е авантуристичка трка. Луѓето вообичаено не го сфаќаат тоа додека таа не започне, – вели Том де Дорлодот, кој има шест настапи на Red Bull X-Alps.

– Летањето на оваа трка не е класичен параглајдинг. Може да летате над море од облаци взори, да сурфате во заветрина на ротор наутро или, пак, да искусите термално летање на променливи воздушни струи меѓу пошумени планини без да имате шанса да слетате попладне, а навечер да бидете среде бура од грмотевици на 4000 метри надморска височина, – вели Том Пеjн, кој има искуство и како учесник, но и во караванот на помагачи.

– Ниту еден физички тренинг не е доволен. Често слушам дека пилотите велат дека во оваа трка е поважно летањето, но на крајот од денот мора да бидете брз и на земја,- советува Дорлодот.

– Како груба слика, треба да бидете среќни ако имате само 60 километри пешачење на ден и тоа на надморска височина од 2000 метри неколку дена по ред. Таканаречените планински ултра-маратони во споредба со оваа трка изгледаат како брзи спринтови. Мускулите можат да се набилдаат брзо, но тетивите, лигаментите и менискусот бараат месеци тренинг за да зацврснат. Тие што ќе потфрлат во ваквата подготовка на отпор ќе бидат подложни на повреди веќе по два или три дена од трката,- предупредува Пејн.

За време на својот тренинг период, спортистите вообичаено трчаат сто километри неделно покрај параглајдингот и работата во фитнес салата.

– Ова бара навистина голема посветеност. Мора да уживате во тренингот бидејќи во спротивно сето ова нема смисла, – вели Хозе Игнацио Аревало Геде.

– Мора да бидете најдобар пријател со вашиот страв. Трката Red Bull X-Alps бара од спортистите да се соочат со лимитот на својата ментална сила, а понекогаш и да одат понатаму. Секој спортист ќе искуси своевиден страв најмалку еднаш во текот на трката, но потребно е да се зачува „студена глава“ за да се функционира и да се донесат добри одлуки покрај се. Способноста да се справувате во реално ризични ситуации е клучна,- надополнува Пејн

Уште еден аспект на трката често е занемарен, а тоа е тимската динамика. Најдобрите натпреварувачи знаат и разбираат дека ова е всушност тимска трка. Работата на нивните поддржувачи е неуморна. Тие помагаат извршувајќи разни улоги како кувари, возачи, стратези, метеоролози и вообичаено, спијат уште помалку отколку самиот учесник.

– Тоа е прекрасна авантура. Ако сакате да постигнете резултат, тоа ќе биде мошне тешко во вашиот прв обид, но ако мислите дека можете да го направите тоа и добиете шанса, тогаш секако дека мора пробате да ја искористите, – вели Том де Дорлодот.

Повик до дамите кои го сакаат спортот и авантурата!

Red Bull X Alps имаше две учеснички во 2005 година, Ники Хамилтон и Кери Кесл, но дури во 2015 година се појавија следните две, Даун Веструм и Ивоне Дате.

– Би сакала да имаме повеќе жени. Тие треба да имаат исти предиспозиции како и мажите, а женските пилоти можат добро да летаат,- вели Ивоне Дате, повеќекратен шампион во летање со параглајдер и мотивациски тренер, па препорачува и ментален тренинг за справување со кризни ситуации.

– Мислам дека мажите немаат предност дури ни во планинарењето, сега ранците се мошне лесни. Докажано е дека и оние со помала физичка конституција можат да носат ист товар како и поголемите. Жените се одлични за издржливост и почесто победуваат на подолгите трки. Погледнете ја Хелена Дијамантидес, која како дебитант победи на „Dragon Back“ трката од 350 километри во 1992 година, а по 20 години се врати за да освои четврто место во генералниот пласман и прво место кај жените. Постојат уште пример како Амелија Буни во трките со пречки, Кортни Довалтер во ултрамаратонот Моаб или Камиле Херон во Тунел Хил. Во мојот настап во 2015 година јас имав слична брзина со мажите, изодев поголема километража во ист период на денови. Мажите повеќе ја посакуваат славата и повеќе го посветуваат телото и душата, поревносно го прифаќаат нивото на ризик. За време на моите 11 дена во трката, јас ги прекршив сите правила за параглајдинг како полетување со ветар „во опашката“, летање со високи ветрови, одење на непознати територии и слично. Мора да летате добро, да се искачувате добро и да бидете одлично организирани со добра смисла за навигација,- вели Веструм, додавајќи дека нутриционистичкото знаење кога и како да внесе енергија во своето тело било клучно за нејзините атлетски достигнувања.

Ако сакате да бидете дел од оваа авантура треба да аплицирате за учество во изданието за 2019 година. Огласот е отворен како за мажи така и за жени и сите можат да го сторат тоа преку официјалниот веб-сајт ( www.redbullxalps.com/application ) најдоцна до 31 август 2018 година.

Избраните спортисти официјално ќе бидат соопштени на 16 октомври 2018 година. Оние што се интересираат за новата рута ќе ги дознаат сите детали за секоја контролна точка на 13 март 2019 година.

Врзете ги појасите! Новата авантура стартува на 16 јуни 2019 година и ќе биде несекојдневна авантура која не може да се спореди со претходните. Бидете подготвени, се гледаме во планините.

Facebook Коментари