Red Bull Can You Make It 2018: Дали можеш за 7 дена да ја поминеш половина Европа?

red bull can you make it start 2016

Брилијантните смислувачи на активности од брендот Ред Бул го објавија повикот за новото издание на екстремната акција за студенти наречена „Can You Make It“, во која се повикуваат 200 студентски тимови од по 3 члена, да појдат од една од петте точки во Европа, за да стигнат во Амстердам по 7 дена, притоа користејќи лименки од енергетскиот пијалок како платежно средство!

Организаторите најавуваат учество на тимови од 60 земји во светот, а ја нудат „авантурата на животот“. Дали и ти можеш да го направиш?

 

КАДЕ?

Само да те предупредиме, ќе мораш да ги оставиш настрана парите, картичките и телефонот ако сакаш за седум дена да стигнеш до Амстердам, користејќи го само Red Bull како платежно средство!

КОЈ?

Секако, во сето тоа нема да бидеш сам, туку со луѓето на кои најмногу им веруваш. Собери тричлен тим од пријатели, секој мора да биде редовен студент на универзитет постар од 18 години.

ШТО?

Појдовна точка е да направите видео снимка во должина од една минута каде што ќе објасните зошто треба да биде одбран токму вашиот тим.

КАКО?

Снимете го како што сакате и како што можете, со телефон, со професионална камера, преку Instagram или Snapchat приказна, споделете го на Youtube или Vimeo и пријавете се!

Прва и најважна работа се вашата фантазија и оригиналност, а потоа способноста вашето видео да го промовирате на јавно гласање.

Собирате поддршка затоа што тимовите со најмногу гласови од секоја земја ќе станат финалисти. Потоа, жирито ќе ги избере победниците од финалистите откако ќе заврши гласањето.

ШТО ПОНАТАМУ?

Одбраните тимови ќе бидат префрлени до една од петте стартни точки во Европа, Мадрид, Будимпешта, Манчестер, Стокхолм или Рим. Мала напомена, тоа што си од Македонија не значи дека ќе стартуваш од најблиската Будимпешта!

На појдовната точка, ако се прославиш во гласањето на жирито, ќе ги предадеш парите, картичките и телефонот во замена за 24 лименки Red Bull и телефон со неограничена размена на податоци.

По пат сами го креирате својот пат со посетување на контролните точки во градовите, споделувате слики и видео снимки, со завршување на што повеќе задачи од листата на авантури со поддршка на социјалните мрежи.

Твојот шарм, интуиција, снаодливост се клучни 24-те лименки да ги искористиш како замена за се што ти е потребно на патот до Амстердам – храна, сместување, транспорт и авантури за да ги исполниш задачите.

Мораш да посетиш најмалку 6 контролни точки пред Амстердам каде ќе ги решиш задачите кои ги ставаат на тест и духот и телото. Ќе се бара стратегија и креативност, а награда се лименки за да го продолжиш патот!

КОЛКУ ВРЕМЕ ТИ ТРЕБА?

Рокот за пријавување штотуку започна и трае до полноќ на 15 февруари. Имаш доволно време да смислиш стратегија и идеја за видео снимката од една минута која може да те одведе во авантура со другарите која ќе се одржи во април 2018.

ШТО ДА СМИСЛИШ?

Не грижи се, во наредниот период те очекуваат серија текстови во кои ќе се запознаеш со финтите и некои одлични идеи од претходните години, кои ќе ти бидат добри насоки или идеи за нешто ново и уште полудо.

Ќе имаш шанса да се запознаеш со искуствата на претходните учесници и авантурите на две од нашите екипи кои претходните години имаа задача да одат во Париз.

За почеток, ти требаат две личности на кои им веруваш и кои ќе ги прашаш – Can you make it?

Facebook Коментари