Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул врза шест победи, но сега следи најтешкото!

Објавено

на

Photo by Mark Thompson/Getty Images) // Getty Images / Red Bull Content Pool

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изнесе песимистичка најава за претстојната трка што треба да се вози на легендарната британска патека Силверстоун.

Елаборирајќи на темата што очекува од противничките тимови на оваа трка, меѓу кои акцент бил ставен на Мерцедес како осумкратен победник во последните десет години, Хорнер предвидел сценарио во кое ривалите на Ферстапен и Перез ќе бидат во добра форма.

– Дефинитовно, очекувам да бидат силни. Не гледам причина зошто не би биле, како на оваа трка, така и на Пол Рикар. Очекувам дека не само Мерцедес, туку и Ферари ќе биде брз. Мислам дека Силверстоун може да биде проблематичен за нас поради природата на самата конфигурација. Неверојатно е тоа што забележавме шест победи, но Силверстоун може да биде најтешкиот предизвик за нас,- оценил Хорнер.

Во сосема независно интервју, Хамилтон од своја страна најавил дека се радува на враќањето во Велика Британија.

– Силверстоун е една од најдобрите патеки, ако не и најдобрата, имајќи ги предвид сите тие брзи и медиум-брзи свиоци. Брзите свиоци секогаш се најинтересните за возење. Со болидите што ги имаме денес, во Барселона на пример, имавме потскокнувања во брзите свиоци, но се надевам дека тоа сега е надминато. Ќе видиме, очекувам да биде неверојатно, болидите можат да се следат од поблиску, па се надевам дека тоа ќе ја направи трката поинтересна. Ние генерално сме подобри во средно брзите и во брзите свиоци, отколку во бавните, но досега го имавме потскокнувањето. Не знам како ќе биде возењето низ некои од нив, но ќе биде интересно да се биде таму. Се радувам на враќањето во Британија,- рекол Хамилтон.

Седумкратниот шампион оваа сезона се најде на подиумот само во два наврати и тоа како третопласиран: на првата трка во Бахреин и на последната трка во Канада.

(Photo by Dan Mullan/Getty Images) // Getty Images / Red Bull Content Pool //

(Photo by Dan Mullan/Getty Images) // Getty Images / Red Bull Content Pool //

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни