Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул во прв план: Ферстапен и Перез ќе тргнат од првиот ред во Абу Даби

Објавено

на

Двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез се прикажаа во најдобро светло на денешните квалификации за последната трка за оваа сезона која се вози за Големата награда на Абу Даби.

Старо-новиот Ф1 шампион беше најбрз на патеката „Јас марина“, односно за нијанска беше подобар од клупскиот колега. Ред Бул по 25 пат ќе има 1-2 старт на нивните болиди, поточно ова се случува по пауза од неколку години од Мексико 2018 година. Инаку Ова за Макс е трета пол позиција во низа на овој „терен“ со што испиша историја затоа што никој досега не успеал тоа да го направи.

Вториот ред е резервиран за Ферари за Шарл Леклер и Карлос Сајнц по што до десетто место следат Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Ландо Норис, Естебан Окон, Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни