Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул со жалба до Мерцедес, експресна одлука на Светската автомобилистичка федерација

Објавено

на

Тимот на Мерцедес доминираше на првите тренинзи пред почетокот на новата сезона во Формула 1 која е закажана за овој викенд.

Тимот кој владее со овој спорт во последните години за прв пат користеше нов систем за управување со двојни оски (DAS- Dual-axis steering system).

Овој систем на возачите им овозможува прецизна контрола над болидот, посебно во одделни делови од патеката кога тркалата се движат под одреден агол.

Од таборот на Ред Бул и официјално вложија жалба до Светската автомобилистичка федерација поради тоа што Мерцедес го користел новиот систем на тестирањата, а на ваквата жалба испратена во текот на вчерашниот ден веднаш стигна и одговор.

Од ФИА експресно ја одбиле жалбата потенцирајќи дека во моментов нема никаква основа за неа затоа што за оваа сезона ќе биде дозволено користење на ДАС системот, додека од следната тоа нема да биде случај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни