Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул ја погоди тактиката, Ферстапен победи на трката во САД

Објавено

на

Макс Ферстапен врза две победи во Формула 1 шампионатот, па по триумфот во Турција, ја зголеми предноста во генералниот пласман со победата на трката за Големата награда на САД.

Американското гран-при во Остин започна како што посакуваше Луис Хамилтон, Британецот ја презема првата позиција од Ферстапен, но во продолжение главниот адут на Ред Бул повторно ја вради предноста.

Квалификациите покажаа дека ривалите за титулата имаат брзи болиди, па и овој пат тактиката решаваше многу во однос на победникот, а таа на Ред Бул се покажа како поисправна.

Ферстапен два пати влезе во боксот пред Хамилтон, па иако актуелниот првак на крајот беше побрз, не успеа целосно да ја стопи предноста на лидерот.

Серхио Перез од Ред Бул го комплетираше победничкиот подиум за одличен викенд за неговиот тим во Остин, а до десеттото место се најдоа Леклер, Рикиардо, Ботас, Саинц, Норис, Цунода и Фетел.

Во генералниот пласман, Ферстапен ја зголеми предноста на 12 поени во пресрет на трката во Мексико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни