Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул и Алфа Таури пред сериозен предизвик, од 2021 година остануваат без главниот снабдувач на мотори

Објавено

на

Од Ред Бул и Алфа Таури се во потрага по нов снабдувач на погонска единица откако во текот на денешниот ден беше соопштено дека Хонда ќе се повлече од Формула 1 по крајот на 2021 година.

Јапонскиот произведувач на мотори се врати во Формула 1 шампионатот во 2015 година кога работеше заедно со Мерцедес, но по неуспешните настапи соработката беше прекината, па Хонда почна со мотори да ги снабдува прво Торо Росо, а потоа и Ред Бул.

Во работата со овие два тима беа обезбедени завидни резултати и пет победи на трките во текот на две и пол годишната соработка.

Сепак, од  Хонда сега одлучија да не го продолжуваат договорот и да се повлечат од Формула 1, а со тоа и од Алфа Таури и Ред Бул по крајот на 2021 година.

– Хонда ќе работи заедно со Ред Бул и Алфа Таури и да продолжи да се натпреварува со најголем напор и ќе се стреми кон уште повеќе победи до крајот на сезоната во 2021 година, -се вели во соопштението од јапонскиот произведувач на мотори.

Оваа одлука значи дека Ред Бул и Алфа Таури ќе мора да пронајдат нов снабдувач на мотори, а во игра во моментов се преостанатите три компании, Ферари, Мерцедес и Рено.

Според актуелните правила, Рено ќе биде задолжен да ги снабдува со мотори двата тима затоа што во моментов имаат најмалку клиенти во Формула 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни