Формула 1
Ред Бул го суспендираше резервниот возач поради расистички испад

Формула 1 тимот Ред Бул експресно го суспендираше својот тест и резервен возач Јури Випс, поради неговиот расистички и хомофобичен испад за време на онлајн играње.
Естонецот ги налути одговорните во Ред Бул кои не губеа време пред да потврдат дека ќе биде суспендиран додека истрагата е во тек.
Випс коментирал недолично на расна основа додека во онлајн стримувана игра со својот колега Лиам Лаусон, а претходно не ги штедел и своите хомофобични испади.
21-годишниот Естонец вози за Ред Бул во Формула 2, а сезонава возеше и тренинг во пресрет на ГН на Шпанија.
Випс се извини преку Инстаграм, но се чини дека оваа грешка може скапо да го чини кога Ф1 тимовите водат активна кампања токму за искоренување на ваквото однесување.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 18 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика