Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул го официјализираше новиот договор за Перез

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Случувањата во Формула 1 почнаа да се раздвижуваат со најавата за прекина на соработката меѓу Естебан Окон и Алпин, а два дена после оваа информација, Ред Бул излезе со важно соопштение.

Најдобриот тим во „најбриот циркус“ го потврди својот двоец и за наредните две сезони, откако официјално беше објавено дека е продолжена соработката со вториот возач во тимот, Серхио Перез.

Мексиканецот според многумина беше на излезни врати од Ред Бул и прогнозата беше дека се чека само крајот на сезоната, но така не мислеа Кристијан Хорнер и останатите директори, кои сега решија да му дадат нов двегодишен договор.

– Многу сум среќен и возбудене што останувам да возам за овој фантастичен тим. Не постои ниту еден поголем предизвик од возењето за Ред Бул. Мислам дека имаме светла иднина пред нас. Не чека напорна работа, но и многу шампионски титули, – изјави Чеко Перез кој е во Ред Бул од 2021-ва година.

– Континуитетот и стабилноста се најважни за нас, а Чеко и Макс имаат многу успешно партнертство кое не сакаме да прекине, – изјави Кристијан Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни