Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул го објави името на наследникот на Перез

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Нецели 24 часа откако беше објавено дека Серхио Перез и Ред Бул постигнале согласност за завршување на соработката, Формула 1 тимот го објави и името на наследникот на Мексиканецот.

Нов клупски колега на светскиот шампион Макс Ферстапен ќе му биде Лиам Лоусон, 22-годишниот пилот од Нов Зеланд кој доби унапредување во тимската структура на Ред Бул.

Лоусон е префрлен од вториот во првиот тим, а зад себе има само 11 настапи во Формула 1 во текот на последните две сезони.

Иако не се истакна со многу подобри резултати од тимскиот колега, Јуки Цунода, Ред Бул се одлучил за Лоусон, а не за Јапонецот кој останува во вториот тим и за новата сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни