Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул го надмудри Мерцедес со стратегијата, Ферстапен победи во Франција

Објавено

на

(Photo by Clive Rose/Getty Images) // Getty Images / Red Bull Content Pool

Макс Ферстапен доби уште една драматична пресметка со Луис Хамилтон и победи на Формула 1 трката за Големата награда на Франција.

Почетокот му припадна на Хамилтон, кој ја искористи грешката на Ферстапен уште во вториот свијок и го презема водството, но истото го одржа само до влегувањето во боксот.

Возачот на Ред Бул повторно излезе како победник по менувањето на пневматиците, а во продолжение од трката неговиот тим направи уште еден потег, кој се покажа како решавачки.

Ферстапен влезе и вторпат во боксот за разлика од Хамилтон, па откако се врати со нови пневматици, полека ја топеше разликата.

На неколку круга до крајот најпрвин го мина Валтери Ботас, а на нецели два круга до крајот, успеа да го претекне и Хамилтон, кој со многу поискористените пневматици не можеше да му парира на Холанѓанецот.

За Ферстапен ова е трета победа сезонава, бројка со која се израмни со актуелниот светски првак во Формула 1.

Серхио Перез успеа да го остави зад себе Ботас за последното место на победничкиот подиум, со што Ред Бул доби дополнителни поени во генералниот пласман.

Со денешната победа, Ферстапен стигна до 131 поен, додека Хамилтон сега има 119.

Поени од денешната трка покрај болидите на Ред Бул и Мерцедес освоија и Норис и Рикардо од Мекларен, Гасли од АлфаТаури, Алонсо од Алпин и двоецот на Астон Мартин, Фетел и Строл кои ги освоија деветтото и десеттото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни