Европски првенства
Ребров смета дека Украина е ограбена во „финалето“ со Италија: Не ни досудија чист пенал на крајот (Видео)

Украина и Италија играа своевидно „финале“ за пласман на Европското првенство како селекции кои беа дел од нашата група, а на крајот повеќе причини за радост имаа „аѕурите“.
Италија беше таа која во две сценарија обезбедуваше пласман на континенталниот собир, а на крајот стигна до тоа со постресната варијанта, која направи сите фанови на европскиот шампион да стравуваат до последната секунда.
Тимот на Лучијано Спалети беше навистина подобар во првиот дел и не успеа да го материјализира тоа, додека Украина фрли се на една карта во вториот дел, особено во самата завршница од мечот.
Мечот кој заврши 0:0 донесе и една крајно контроверзна одлука од судијата Хил Мансано, од која Украинците се чувствуваат ограбено и оштетено на „Бај Арена“.
Мудрик имаше дуел со Кристанте и се чини дека италијанскиот дефанзивец задоцни со стартот, но сепак Мансано не се огласи, а одлуката не ја поправија и луѓето од ВАР.
– Сметам дека тоа беше чист пенал врз Мудрик. За мене тоа е чист пенал, но тука го имаме ВАР и немаше реакција. Од моја гледна точка, тоа беше чист пенал, но не сме ние тие кои носиме одлуки на теренот. Има луѓе кои ги гледаат овие ситуации и тие не видоа пенал, – изјави разочараниот украински селектор, Сергеј Ребров.
Со ремито во Германија, Украина остана без директен пласман на Европското првенство, но сега и останува уште една карта и ќе брка билет за турнирот преку баражот.
Видеото од спорниот момент погледнете го ТУКА
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата