Поврзете се со нас

Италија

Ребиќ со необичен „рикошет“ гол ја „скрши“ Рома, Чалханоглу ја потврди дерби победата за Милан (Видео)

Објавено

на

Тренерот Пиоли одлучи да не избрзува и да не ризикува со Златан Ибрахимовиќ, но и без Швешанецот во тимот, Милан успеа да ја оствари втората победа по рестартот на сезоанта во Серија А.

За разлика од воведниот меч кога „росонерите“ имаа лесна задача против Лече, денеска имаа доста посериозен испит на „Сан Сиро“, но истиот успешно го положија и остварија дерби победа.

Милан ја надигра Рома и сосема заслужено се израдува на три бода, но отпорот беше скршен дури во 76-та минута кога Анте Ребиќ постигна погодок по еден необичен „рикошет“ карамбол во шеснаесетникот на гостите.

Топката се одби неколку пати, заврши и во дирекот, но на крајот му се врати на Ребиќ и Хрватот погоди за водство од 1:0 што значеше големо олеснување на психолошки план.

До крајот, Милан ја потврди победата со гол од пенал на Хакан Чалханоглу и на тој начин стигна на минус шест бода од петопласираната Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни