Поврзете се со нас

Италија

Ребиќ се врати во Серија А

Објавено

на

foto: https://twitter.com/acmilanbr

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ се враќа на позната територија и сезонава повторно ќе биде дел од Серија А, потврдија италијанските медиуми.

Доцна синоќа, напаѓачот ставил потпис на договор со екипата на Лече и ќе го носи жолто-црвениот дрес наредниов период, обидувајќи се да им помогне на своите нови соиграчи со искуството кое не е за потценување.

Ребиќ првпат пристигна во Италија уште во 2013 година, кога потпиша за Фиорентина, но по неколку заеми, направи трансфер во Ајнтрахт Франкфурт.

Неговите настапи во Бундеслигата го привлекоа вниманието на Милан, па „росонерите“ го вратија Хрватот на „чизмата“ во 2019 година, првично на заем, а потоа и со откупување на договорот од германскиот тим.

Сепак, Милан минатото лето го продаде Ребиќ во Бешикташ со примарна цел да се ослободи од неговата плата, а тој по една сезона се враќа во Италија, овојпат како засилување за Лече.

30-годишниот Ребиќ има 118 настапи во Серија А, на кои стигна до 29 голови и 14 асистенции.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни