Поврзете се со нас

Италија

Реал заработи 12 милиони евра од играч кој никогаш не доби шанса во тимот на Анчелоти (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Реал Мадрид е пример за тоа како се води еден клуб на највисоко ниво, а тоа може да се заклучи и од трансферот кој денеска официјално го потврдија „кралевите“.

Станува збор за играч кој никогаш не доби шанса во првиот тим на Карло Анчелоти, но дури и во такви услови, Реал успева да заработи сума од 12 милиони евра.

Рафа Марин игра на позицијата стопер и на 22-годишна возраст воодушеви со своите настапи во Алавес, но по крајот на позајмицата, стана јасно дека е подготвен за многу поголем чекор во кариерата.

Младиот Шпанец беше известен дека во моментов нема место во првиот тим на Реал, но затоа ќе се обиде фудбалски да се надоградува со Антонио Конте во редовите на Наполи.

Италијанскиот клуб ова утро го потврди ангажманот на Леандро Спинацола, а вечерва потврди дека е ангажиран и играчот на Реал за кого преговараше со месеци.

Висината на трансферот изнесува 12 милиони евра, но бидејќи се работи за играч со голем потенцијал, Реал го задржува правото да го врати назад во 2026-та и 2027-ма година за сума од 25, односно 35 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни