Шпанија
Реал Мадрид закажа „Ел Класико“ финале во шпанскиот Суперкуп
Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Мајорка и славеше (3:0) во второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп, кој се игра во Саудиска Арабија.
Реал Мадрид се обидуваше со постојан притисок да го отвори резултатот уште во првото полувреме, но тие обиди завршија неуспешно.
Во продолжението, Реал ја задржа иницијативата и конечно го скрши отпорот на Мајорка по една мешаница со три удари кон голот на противникот, при што со третиот Џуд Белингам успеа да го најде патот до мрежата.
Тој клучен момент се случи во 63. минута, а во продолжение Реал не се откажа и од втор гол, но ѕвездите на Карло Анчелоти не искористија некоја од своите шанси за помирна завршница.
Сепак, противникот му помогна на фаворитот во 93. минута, кога едно додавање на Брахим Диаз беше закачено од Валјент, а две минути подоцна Родриго ги постави конечните 3:0 во дуелот со Мајорка.
Реал со оваа победа обезбеди финале во Суперкупот и закажа нова „Ел Класико“ пресметка со Барселона во недела.
-
Светски првенства23 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Светски првенства10 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства11 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија20 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија10 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Македонија23 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија22 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)