Поврзете се со нас

Шпанија

Реал во неверица: Јовиќ се врати со скршеница од домашниот карантин, следи долга пауза

Објавено

на

Реал Мадрид вчера ги изврши тестовите за коронавирус врз сите фудбалери и позитивна вест е тоа што сите се негативни, но денеска доста лоша вест доби напаѓачот кој и онака го пратат малери од стартот на сезоната.

„Кралскиот клуб“ се соочува со фудбалски парадокс кога е во прашање младиот Србин, бидејќи верувале или не, Јовиќ се врати со скршеница на ногата од домашниот карантин во неговата родна земја.

Реал излезе со официјално соопштение за неговата здравствена состојба, а во лекарскиот билтен се наведува дека има скршеница на петата, поради што малку веројатно е да заигра до крајот на сезоната и во случај истата да се рестартира.

– По направените лекарски прегледи над нашиот играч Лука Јовиќ, дијагностицирана е фрактура на петата на десната нога, – гласи објавата на шпанскиот великан.

Со оглед на тоа што станува збор за фрактура на навистина специфично место, прогнозите се дека ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни