Поврзете се со нас

Свет

Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)

Објавено

на

Наредната година за прв пат ќе бидеме сведоци на Светско клупско првенство кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави во периодот од 15. јуни до 13 јули, насттан на кој ќе учествуваат 32 екипи кои вечерва ги дознаа своите противници.

Имаме осум групи од по четири клуба, актуелниот еввропски првак Реал Мадрид е во групата Х заедно Ал Хилал на Нејмар, Митровиќ, Милинковиќ Савиќ, Кансело, Невеш…плус тука се Пачука и РБ Салцбург.

Во Б друштвото ги имаме ПСЖ и Атлетико Мадрид, новиот јужноамерикански првак Ботафого и Сиетл, додека Манчестер Сити и Јувентус ќе бидат фаворити за пласман во следната фаза во Г групата каде се уште Видад и Ал-Аин.

Турнирот ќе биде отворен на 15 јуни со дуелот меѓу Интер Мајами и Ал-Ахли од Египет.

Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони низ 11 градови во САД.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни