Реал во Белград ја запиша првата гостинска победа, Милано гази се пред себе (Видео)

sergio-llull

Почнаа возбудувањата од 7. коло во кошаркарската Евролига, а во првите пет натпревари немаше ниту едно изненадување.

Шпанскиот гигант Реал Мадрид конечно во четвртиот обид дојде до гостинска победа и тоа во Белград против Црвена Звезда. „Кралевите“ славеа со 75-60, а клучна беше последната четвртина која четата на Пабло Ласо ја доби со 26-8.

Љуљ даде 16 поени, Фернандез застана на 12, додека центарот Тавараш реализираше 11 поени и 9 скокови. На спротивната страна се издвоија Берон со 17 и Браун со 14 кошеви.

Олимпија Милано пак среди уште еден ривал за шеста победа во низа во елитното натпреварување. Нова жртва на „манекените“ беше Басконија која се бореше 40 минути, ама на крајот мораше да му подаде рака и да му честита на домаќинот (81-74).

Пет играчи беа двоцифрени, а од нив најдобар беше Дела Вале со 15 поени. Исто толку за Басконија даде Стаускас.

Останати резултати:

Зенит-Химки 73-87

Олимпијакос-Анадолу Ефес 67-86

Макаби ТА-Алба Берлин 104-78

Facebook Коментари