Поврзете се со нас

Англија

Реал во акција: „Кралевите“ се оптимисти дека ќе го обезбедат потписот на ѕвездата на Челси

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид се очекува да има доста интересна 2022 година кога се во прашање играчите, односно засилувањата кои ќе пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“.

Медиумите веќе одредено време пишуваат за некои фудбалери со тоа што во прв план секако е Килијан Мбапе кој може да дојде во Мадрид и како слободен играч. Едно такво сценарио може да се случи и со уште еден репрезентативец и тоа на Германија, Антонио Ридигер.

Според „Гол“, стоперот е многу далеку од продолжување на соработката со Челси и во таборот на „кралевите“ се големи оптимисти дека тој ќе пристигне кај нив. Реал сака да ја засили одбраната и со оглед на тоа што Ридигер е слободен по крајот на оваа сезона тоа е идеално сценарио за нив исто како што беше со Давид Алаба.

Шпанскиот великан е подготвен и да му даде висока плата што ги става пред Баерн Минхен, меѓутоа воедно не треба да се заборави дека целата ситуација вниманетлно ја прати и Пари Сен Жермен.

Ридигер има 28 години, досега освен за Челси има играно за Рома и Штутгарт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни