Поврзете се со нас

Евролига

Реал убедлив против Басконија, Ефес подобар во турското дерби во Евролигата

Објавено

на

Анадолу Ефес го победи Фенербахче во турското дерби на кошаркарската Евролига (84:89), додека Реал Мадрид беше убедлив на гостувањето кај Басконија во шпанската пресметка (60:88).

Ефес предводен од Ларкин стигна до важна победа во дуелот со големиот ривал, а Ларкин реализираше 25 поени и беше следен од Плајс со 17 и Мициќ со 14 поени.

Кај Фенербахче, Шајок реализирал 18 поени, а неговиот тим го забележа четвртиот пораз во серија.

Реал Мадрид ја понижи Басконија на гостински терен, а најефикасни во победничкиот тим биле Французите Козер и Ертел со 13, односно 12 поени.

Алба го победи Макаби со 91:86, ЦСКА славеше на домашен терен против Баерн (77:74), додека Панатинаикос оствари победа над Зенит со резултат 70:64.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни