Поврзете се со нас

Евролига

Реал со завршна серија од 10:0 ја откажа Звезда во Мадрид

Објавено

на

Партизан ја декласираше Виртус Болоња и стигна до првата победа во Евролигата, но вториот српски великан Црвена Звезда ќе мора да почека за такво нешто барем уште едно коло.

„Црвено-белите“ го претрпеа и четвртиот пораз во четвртата рунда во Евролигата, нешто што беше и очекувано со оглед на тоа што Звезда вечерва гостуваше во главниот град во Шпанија.

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и не дозволи непријатно изненадување на домашен терен, иако Звезда во два наврати се закани по ужасниот старт на мечот.

„Кралевите“ поведоа со 25:10 по првата четвртина и демонстрираа сила во овој дел од играта, но Звезда се доближи до 44:42 и 59:54, што беше најблиску вечерва кога е во прашање резултатската неизвесност.

Овој вториот резултат беше активен на четири минути пред крајот на мечот, но во клучниот период следеше серија од 10:0 за домаќинот која беше клучна а победата од 72:56.

На останатите три меча во Евролигата вечерва, Анадолу Ефес ја победи Алба со 78:74, Монако славеше над Панатинаикос со 83:80, додека Олимпијакос беше подобар од Басконија во Шпанија со 97:92.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни