Поврзете се со нас

Шпанија

Реал со пресврт до ВАР победа во Севилја (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Тимот на Реал Мадрид ја прослави првата победа во новата сезона во Примера и тоа на гостувањето во Севилја кај екипата на Бетис.

„Кралевите“ беа во негатива по првиот дел (2-1) во кој поведоа преку Валверде, па Рамос промаши зицер за да потоа на спротивната страна стигне казната преку Манди и Карвалјо во периодот од 35 до 37 минута.

Нереално промашување на капитенот на „кралевите“: Рамос пропушти идеална шанса да го нокаутира Бетис (ВИДЕО)

Во вториот дел избраниците на Зидан успеаа да ги свртат работите во своја полза и тоа откако имаа помош и од ВАР технологијата која во три наврати пресуди во нивна корист.

Првиот пат тоа беше во 48 минута кога Емерсон си даде автогол, потоа во 67 кога споменатиот играч го закачи Јовиќ и доби црвен картон за да потоа се „јави“ и во 82 минута кога Бартра при еден дуел со Мајорал играше со рака, имаше елементи на прекршок, ама арбитрите одлучија да досудат не белата точка, шанса која Рамос ја претвори во гол за 3-2 и победа на актуелниот шампион.

Ова за Реал е 4 сезонски бод, во следното коло го пречекува Валјадолид.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни