Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал со „петарда“ го потврди првото место во групата, доминантна претстава и на Лајпциг

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид со убедлива победа над Селтик од 5-1 ја заврши првата фаза во Лигата на шампионите, односно го потврди првото место во групата Ф.

На „кралевите“ им беше потребен овој триумф, цел која ја остварија со погодоците од пенал на Модриќ и Родриго во првиот дел и на Асенсио, Винисиус Жуниор и Валверде во вторите 45 минута.

Стрелец за гостите од Шкотска беше Жота во 84 минута со тоа што треба да се каже дека Селтик во првото полувреме не реализираше пенал преку Јурановиќ.

Со 13 бода четата на Анчелоти оди во осминафиналето, односно собра еден повеќе од Лајпциг кој вечерва му одржа лекција на Шахтјор Доњецк (4-0). Нкунку, Собослаи, Силва и Бондар (автогол) погодија за „биковите“.

Шахтјор оди во ЛЕ, додека Селтик ќе им се посвети на домашните обврски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни