Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал со најсилен тим против Арсенал, Милер стартер за Баерн во Милано (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/realmadrid

Мадрид и Милано се во центарот на вниманието оваа вечер во фудбалска Европа затоа што се играат реванш средбите во Лигата на шампионите, пресметките Реал-Арсенал и Интер-Баерн Минхен.

Реал доживеа убедлив пораз во северен Лондон и со негатива од 3-0 ќе го започне вечерашниот дуел за кој тренерот Карло Анчелоти излезе со најсилниот тим што го има на располагање во формација 4-3-3 во која најопасни ќе бидат Мбапе, Вини Жуниор и Родриго.

На другата страна пак Aртета излезе со очекуван состав, оној што донесе топ резултат на првото соочување.

Интер пак на „Џузепе Меаца“ ќе се обиде да го потврди билетот за полуфиналето. Инѕаги започнува во формација 3-5-2, додека Компани на другата страна оди со 4-2-3-1, формација во која место има за ветеранот Милер кој не беше стартер на „Алијанц Арена“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни